Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Акција за генерално чистење на општина Кисела Вода

Веќе два дена генерално се чисти општина Кисела Вода. Акцијата која започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе два дена генерално се чисти општина Кисела Вода. Акцијата која започна вчера во УЗ „11 Октомври – бараки“, денеска продолжи на подрачјето на УЗ „11 Октомври -згради“, каде што екипите работат на темелно уредување на јавните површини.

Како што информираат од локалната самоуправа, на терен се ангажирани околу 30 сезонски работници, обезбеден е целокупниот потребен алат и механизација, како и специјализирани возила за метење и чистење на улиците. Во спроведувањето на акцијата активно учествуваат и претставници од Советите на урбаните заедници, што овозможува подобра координација и поефикасно реализирање на зафатите.

Со чистењето се опфаќаат улиците, тротоарите и заедничките јавни површини, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите.

Реклама

-Паралелно со ова, на повеќе локации низ општината се спроведуваат и активности за уредување на парковските површини, каде што се собираат наталожените паднати лисја, карактеристични за овој период од годината. За таа намена се ангажирани дополнителен број сезонски работници и соодветен алат, со што парковите целосно се средуваат и се подготвуваат за користење од страна на граѓаните, информираат од општината.

Акцијата за генерално чистење, како што најавуваат, продолжува и во наредниот период. Во понеделник екипите ќе работат на подрачјето на УЗ „Кисела Вода“, по што секој ден ќе се спроведуваат активности во по една месна или урбана заедница, сѐ додека темелно не бидат исчистени сите населби и населени места на територијата на општина Кисела Вода.