Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Струмица постави специјални контејнери за собирање текстилен отпад

На повеќе локации во Струмица се поставени специјални контејнери за селектирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На повеќе локации во Струмица се поставени специјални контејнери за селектирање и собирање текстилен отпад, донација од компанијата „ЕКО-ТЕКС ГРУП“ од Скопје, информираа денеска од Општината.

Се додава дека градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспоставил мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината.

-Контејнерите се поставени за да се поттикне реупотребата и рециклирањето и намалување на количините текстилен отпад што завршуваат во мешаниот комунален отпад, се наведува во информацијата.

Реклама

Инаку, контејнерите за текстилен отпад се поставени во општинските основни и средни училишта-ООУ„Никола Вапцаров“, ДСУ РЦСОО „Никола Карев“, СОУ „Јане Сандански“, СОУУД „Димитар Влахов“, ООУ „Маршал Тито, како и во Општинската организација на Црвен крст во Струмица и поранешниот Дом на АРМ.

На крајот се додава дека Општина Струмица продолжува со реализација на активности насочени кон заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест кај граѓаните.