Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: 3 милиони евра спорна документација во Лотарија оставиле Бајрами и Груби, СДСM за ден повеќе власт немо одобрувале

СДСM и ДУИ своето владеење го покажаа со раководењето на Државна Лотарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и ДУИ своето владеење го покажаа со раководењето на Државна Лотарија каде што Бајрами и Груби ја испокрадоа институцијата и избегаа. Додека едните крадеа, другите мижеа, и обратно. А некогаш и двете структури крадеа заедно. Таков е и случајот со Лотарија, каде што Бајрами и Груби ја приватизирале институцијата и правеле што сакале, а СДСM за да не ја распадне коалицијата, молчеле, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во последниот извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за “мали добивки” на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.

Понатаму, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Реклама

Дополнително, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.

Над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија, а СДСM молчеле и немо го одобрувале овој криминал за да не паднат од власт.

Затоа, СДСM и ДУИ се минато на политичката сцена и потребни се реформи. Криминалците мора да одговараат.