Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Орце Ѓорѓиевски ќе продолжи да го води ЗЕЛС, негови потпретседатели Горан Герасимовски и Изет Меџити

Во наредните четири години градоначалникот на Град Скопје ​Орце Ѓорѓиевски ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во наредните четири години градоначалникот на Град Скопје ​Орце Ѓорѓиевски ќе ја води Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. Негови потпретседатели се градоначалниците на општините Центар и на Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити.  Оваа одлука е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. 

Градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски е избран за претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. 

-Од страна на колегите градоначалници ми е дадена едногласна поддршка и доверба да продолжам да го водам ЗЕЛС како претседател во наредниот период. Се надевам дека ќе имаме многу прашања и состојби кои заеднички ќе ги надминеме. Во минатото имавме одредени потешкотии со кои се справувавме, имавме одредени кризи кои заеднички ги решававме. Ќе продолжиме да функционираме заеднички и обединето без да дозволиме политиката да се меша во овие процеси и во нашето дејствување се со цел подобрување на состојбите на општините, поголема децентрализација, особено фискална децентрализација на општините, изјави Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој информира дека разговарале со колегите и останува нивна заложба во 2026 година – општините да добијат комунална полиција. 

-Нешто што сериозно ќе ни помогне да воспоставиме ред, добра позитивна практика, ќе ни олесни, но ќе им олесни и на државните институции земајќи предвид дека многу од ресурсите на МВР во моментов се трошат за таа проблематика. Во перспектива таа проблематика би ја третирале ние како локална самоуправа, потенцира Ѓорѓиевски.

Изрази благодарност до колегите за дадената доверба и шанса. – Сега имам цел мандат, за разлика од минатото кога имав речиси половина мандат да го водам ЗЕЛС, додаде Ѓорѓиевски.