Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

ЕБОР продолжува да ги поддржува зелените инвестиции во Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја зајакнува својата поддршка во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја зајакнува својата поддршка во зеленото финансирање во Македонија со нови 8 милиони евра кредит одобрена на Шпаркасе банка АД Скопје, под Програмата за зелен развој (Green Finance Facility-GFF). Средствата ќе и овозможат на Шпаркасе банка да обезбеди натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции во обновливи извори на енергија и проекти кои поддржуваат енергетска ефикасност, поддржувајќи ја транзицијата на земјата кон позелена и кон поконкурентна економија.

Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility), е заеднички финансирана од Заедничкиот фонд за развоен одржлив раст (SDG Fund), Владата на Република Северна Македонија, и локалните партнерски финансиски институции, а се имплементира од Развојната програма на Обединетите Нации (UNDP), Меѓународната организација за миграции (IOM), Економскиот комитет на Европа на Обединетите Нации (UNECE), ЕБОР и Владата на Македонија, со поддршка од Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Македонија.

Оваа иницијатива има за цела да обезбеди достапно зелено финансирање на МСП и лицата кои немаат пристап до кредитирање, во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот, согласно климатските цели на Македонија и пристапот за Зелена економска транзиција на ЕБОР. Проектот е целосно усогласен со Парискиот Договор, и ќе биде поддржан со техничка помош и инвестициска поддршка.

Реклама

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија, изјави: ,,Овој нов кредит под Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility), ја прикажува нашата посветеност во зајакнување на МСП во користење на технологиите за обновлива енергија и енергетска ефикасност, со што придонесува во борбата против климатските промени. Благодарение на поддршката од нашите партнери – Развојната агенција на Обединетите Нации (UNDP) и Владата, успеавме да ја зголемиме сумата за финансирање на Програмата, со цел да ја задоволиме локалната побарувачка. Со ова зголемување, Програмата ќе достигне 37 милиони евра. Би сакал да се заблагодарам на нашите партнери Шпаркасе банка, која до сега беше најактивна банка на искористување на средствата од Програмата, и има клучна улога во успехот кој го постигнавме со овој производ.”

,,Со новата кредитна линија Green Finance Facility уште еднаш ја потврдуваме својата улога како сигурен и долгорочен партнер на микро, малите и средните претпријатија – столбот на македонската економија. Како банка која стои рамо до рамо со претпријатијата во сите фази од нивниот развој, остануваме фокусирани на обезбедување финансиски решенија кои создаваат долгорочна вредност за клиентите, економијата и заедницата во целина“,  изјави г-ѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе банка АД Скопје е петтата најголема банка во Македонија, и согласно податоците од вториот квартал во 2025 година има 13% пазарен влог на вкупно средства. Банката е посветена во поддршка на конкурентноста и одржливоста на МСП во земјата.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Македонија, и до денес има пласирано над 3 милијарди евра, во над 200 проекти.