Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Предлог-законот за измени на Кривичниот законик доставен до Собранието

До Собранието е доставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До Собранието е доставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со цел усогласување со Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година кој утврди дека измените од 2023 година довеле до намалување на казните за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба, како и отстранување на слабостите во постојните одредби. Предлогот го потпишаа девет пратеници, меѓу кои Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска и други.

Предлог-законот предвидува заострување на казнената политика за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Злосторничко здружување“, како и воведување ново кривично дело – „Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио записи или списи со сексуално-експлицитна содржина“.

Предлогот опфаќа и проширена конфискација, усогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на делото „Телесна повреда“, како и нови облици кај „Трговија со дете“ за надминување на состојбите со питачење.

Реклама

Дополнително, се предлагаат технички измени за куќен затвор, условна осуда со заштитен надзор и хармонизација на делата против безбедноста во сообраќајот во рамки на проектот „Safe city“.

Предлагачите наведуваат дека предлог-законот има за цел да ја зајакне борбата против високата корупција и да ги исполни европските и меѓународните стандарди.