Реклама
Македонија

Приведен Бујар Дардишта и уште десетина лица за економски криминал

Поранешниот висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта е еден од дестимината уаспени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот висок функционер на ДУИ, Бујар Дардишта е еден од дестимината уаспени кои според неофицијалните информации се дел од организирана криминална група осомничена за корупција и економски криминал. По синоќешните апсења, Дардишта тргнал да бега од Македонија ама полицијата го фатила на граничниот премин Долно Блаце

Дардишта е поранешен директор на Управата за водење матични книги, а по директорското место, беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција, која управува со топловодната мрежа за парно греење.

Министерот за внатрешни работи, потврди дека Дардишта е уапсен, но не сподели детали, бидејќи активностите на полицијата и Обвинителството се уште траат.

Реклама

Во времето кога Дардишта директоруваше со Управата за матично, институцијата беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и издавањето документи без целосна евиденција.

Во 2019 година, беа издадени речиси 22.000 погрешни изводи, а Државниот завод за ревизија истата година утврди дека издадени биле речиси 95.000 изводи повеќе од заведеното во евиденцијата. Имаше сомнежи и Антикорупциската комисија дека во време на Дардишта имало тргување со илјадници лични информации на граѓаните во управата за матично, но тогаш тој ги негираше наводите.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал треба да потврдат дали е уапсен токму поради извршувањето на оваа функција.

  • Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ-МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од финансиско економска природа“.

Според неофицијалните информации по претресите се пронајдени и одземени пари во различни валути, мобилни, лаптоп компјутери и хард дискови, како и финансиска документација.

Дардишта беше и адвокат на обвинетите за Диво Насеље, а стој е уште еден во низата уапсени функционери од ДУИ поради злоупотреби додека уаправувале со државни институции. Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши е обвинет за трагедијата во кочанското кабаре, а десната рака на Али Ахмети, Артан Груби побегна од Македонија пред да стане обвинет за криминал во Државна лотарија за што се товари и Прпарим Бајрами како поранешен директор. Рамиз Мерко кој заврши дури и на американската црна листа поади корупција, се соочува со десетина обвиненија за непочитување за законот како татко на Струга.