Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Општина Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата

Општина Аеродром денеска официјално почна пилот-проект за системска селекција на пластичен отпад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром денеска официјално почна пилот-проект за системска селекција на пластичен отпад од домаќинствата. Во првата фаза ќе бидат опфатени 50 домаќинства, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства кои ќе селектираат отпад од дома.

Проектот го промовираа градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески и министерот Златко Перински во населба Лисиче.

Министерот Перински изрази задоволство од реализацијата на овој проект „Чист Аеродром“, што се спроведува во рамки на програмата „ЕУ за општините“. Оваа програма, како што рече, е потврда за успешната соработка на Владата, претставувана од Министерството за локална самоуправа, Швајцарската амбасада и Делегацијата на ЕУ во Македонија. 

Реклама

– Во рамки на овој проект, една од активностите беше набавка на ова специјализирано возило за селектираниот отпад од домаќинствата.  Поставивме 11 вендинг машини во сите основни училишта на територија на општина Аеродром и во две градинки. Направена е едукација на најмалите за селекција и одлагање отпад, што е императив на овој проект, изјави Перински.

Тој изрази надеж дека и во иднина ќе изнаоѓаат можности за да се реализираат вакви проекти за заштита на животната средина.

Градоначалникот Митески информира дека општина Аеродром нуди комплетната услуга, доделува канти кои ги имаат добиено како донација од Министертството за животна средина и просторно планирање.

-Притоа набавено и електрично возило кое ќе биде ставено во функција на собирање на пластичниот отпадот преку проектот „Clean AirDrom“, што беше поддржан од Делегацијата на ЕУ и Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада. Со ова го заокружуваме комплетно процесот за пилотирање  на проектот за селекција на отпад од домаќинства, изјави Митевски.

Потенцира дека Општина Аеродром е првата скопска општина која во целост, со сопствени капацитети преку ЈКП ја нуди оваа услуга на граѓаните.