Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“

Општинското трговско друштво Енергија–Центар во 2025 година оствари значајни резултати во производството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинското трговско друштво Енергија–Центар во 2025 година оствари значајни резултати во производството на електрична енергија од обновливи извори. Во употреба е пуштена фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“, со инсталирана моќност од 396 киловати и генераторска сила од 384 киловати. Централата веќе овозможува пониски сметки за електрична енергија и беше високо оценета од европски стручни лица како проект изведен според највисоки технички стандарди, информира Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар потенцира дека стратешките цели за 2026 година се поставување фотонапонски централи на ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Коле Неделковски“ за кои веќе има готови проекти.

-„Енергија–Центар“ веќе покажа дека може да испорача резултати, а сега продолжуваме со јасен план и подготвени проекти. За наредната година планираме кадровско екипирање и самостојно работење на претпријатието, изјави Герасимовски.

Реклама

Тој посочи дека се подготвени и проекти за поставување фотоволтаици за  училиштето „Гоце Делчев“ и катната гаража „Судска палата“, додека проектот за ООУ „11 Октомври“ е подготвен и чека решавање на имотно-правните прашања .

Годинава, како што рече, целосно е завршена постапката за јавни набавки за изработка на основни проекти за сите преостанати основни училишта и катни гаражи од програмата, што отвара пат за конкретни чекори за нивна реализација

-Централите врз детските градинки ќе се реализираат поединечно, во зависност од обезбедени грантови, посебно од изведбите на школите и катните гаражи, прецизира Герасимовски.