Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Во пресрет на градската слава „Св. Никола“, во Прилеп се врати традицијата на организирано виткање сарми

По неколкугодишна пауза, Прилеп повторно ја врати старата традиција за организирано виткање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколкугодишна пауза, Прилеп повторно ја врати старата традиција за организирано виткање на уникатните светиниколски сармичиња со големина на лешник. Четириесет членки од четири женски здруженија учествуваа во подготовката на сармичките, во пресрет на градската слава и патронот на градот – „Св. Никола“. Нивните вешти раце, со мајсторска стручност и прецизност, неверојатно брзо ги полнеа големите тенџериња. Велат, пресреќни се што повторно им е дадена оваа можност, токму на јубилејното, 20-то по ред одбележување на „Св. Никола“.

„Јас кога гледам олкав број млади околу нас и што гледам дека овие млади сакаат да ја продолжат традицијата, јас, а и сите ние жени од Прилеп, сме горди што и понатаму ќе биде оваа традиција продолжена. И плус тоа, да им кажеме и на овие мали деца, кога ќе си појдат дома и кога ќе кажат дека бевме таму каде што едни баби виткаа сарми – сакаме такви да ни виткате сарми“, рече Љубица Петреска од Здружението на жени „Мајка-традиција“, Прилеп.

„Сармите не се само јадење, тие се симбол на заедништвото. Додека ги виткаме, разговараме, се смееме и си помагаме едни на други. Така нè учеле нашите баби и дедовци. Така ја чуваме традицијата. „Св. Никола“ нè учи да бидеме добри, скромни и да ја делиме радоста со сите околу нас“, кажа Ника Стефанов, ученичка.

Реклама

Враќањето на оваа традиција беше на иницијатива на новиот градоначалник, а во договор со годинашните домаќини, компаниите „Бимфоод“ и „Матадор“.

„Ние како компании се подготвуваме за оваа манифестација и чест и задоволство ни е да ги поканиме сите граѓани на РМ, нашите сограѓани, деловните партнери и соработници, да повелат да дојдат на 19 декември на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, заедно да го чествуваме овој голем верски празник, зашто „Св. Никола“ не е само светец, тој е симбол на љубовта, верата, соживотот, милостливоста, добрината и човештвото“, изјави Рената Јанческа-Ацеска од компанијата „Бимфоод“.

„Сметам дека направивме одличен чекор што ги вративме во функција здруженијата на граѓани и дека навистина „Св. Никола“, и тоа го заговара како светец, „Св. Никола“ и како заштитник на градот, значи дека Прилеп се враќа на традицијата, се враќа во духот на заедништвото и она што значи социјално зближување на луѓето – го враќаме мирот“, посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Инаку, во 2008 година Прилеп, а со него и Македонија, влегоа и во Гинис со рекордната порција од 80.191 посно сармиче. А празникот како патрон на градот за првпат е одбележан во 2005 година.