Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Политичката криза во Бугарија нема да влијае на изградбата на железницата

Бугарските политички турбуленции нема да влијаат во изградбата на железничкиот тунел што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарските политички турбуленции нема да влијаат во изградбата на железничкиот тунел што ќе ги поврзе Македонија и Бугарија – дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека ова лето багерите ќе бидат поставени на терен, а во моментов се работи на документацијата за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел.

Истовремено надлежните заедно со Агенцијата за просторно планирање работат на нов просторен план,кој според Николоски е од стратешко значење за идниот развој на државата. Тој потенцираше дека Македонија, како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, мора јасно да ја искористи својата геостратешка позиција.

“Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др, истакна Николоски.

Реклама

“Во моментов, Агенцијата ги има предадено Нацрт-просторниот план. Се очекува планскиот период да биде до 2040 година. Во наредната година планираме да биде донесен Предлог-планот. Тој треба да помине во собраниска процедура и да се донесе. Просторен план се носи неколку години” вели Гелески.

Од Владата очекуваат новиот план за просторно планирање да биде донесен низ транспарентен процес и со него да се решат бројни дилеми и да се постави патот за развој на државата до 2040 година.