Операторот за храна „Ванила фуд“ е казнет со вкупно 2.450 евра – две казни по 900 евра и една од 650 евра – откако на 26 ноември околу 40 ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се пожалија на стомачни тегоби. По извршените анализи, Институтот за јавно здравје соопшти дека грам-негативни бактерии и фекални бактерии се најдени во примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето, а бактерии се пронајдени и на три чешми во објектот.