Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Кривична пријава за Костадинов и за уште петмина за злоупотреба на постапка за јавна набавка на електрични автобуси

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица се сомничат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица се сомничат дека несовесно работеле и ја злоупотребиле постапката за набавка на електричните автобуси со кои цела година се врши јавниот градски превоз во општината, соопшти МВР. При таа постапка биле набавени 10 електрични автобуси во износ од околу 7 милиони евра, со што, според Министерството, е причинета материјална штета од поголеми размери.

Во пријавата се наведува дека Костадинов ангажирал лице без лиценца, кое било одговорно за евалуација на понудите и за надзор врз имплементацијата. Се сомничи и дека тендерот бил наштелуван.

Ексградоначалникот Костадинов ги отфрла наводите и тврди дека ги запазил сите постапки.

Реклама

„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони“, објави на својот Фејсбук-профил Костадинов.

Останатите четири лица, меѓу кои директорот на „Струмица транспорт“ и членови на комисијата за јавни набавки, се товарат дека не извршиле надзор над целокупната постапка и имплементацијата на јавната набавка, во која учествувало лицето од Скопје без стручни компетенции, при што биле набавени 10 електрични автобуси на лизинг.