Европскиот совет објави дека е постигнат договор со Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година, како дел од напорите за ставање крај на енергетската зависност од Русија.
Спогодбата предвидува правно обврзувачка забрана за увоз на течен природен гас од Русија, со целосна забрана од есен 2027 година. Уделот на рускиот гас во увозот на ЕУ беше 12 проценти во октомври, што е значително помалку од околу 45 проценти пред избувнувањето на војната во Украина.
Унгарија, Франција и Белгија остануваат меѓу земјите-членки кои сè уште увезуваат руски гас.
