Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Свет

Петчасовните разговори Путин-Виткоф не донесоа напредок и компромис околу Украина

Петчасовните разговори помеѓу Владимир Путин и американските преговарачи во Москва не донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петчасовните разговори помеѓу Владимир Путин и американските преговарачи во Москва не донесоа напредок во склучувањето на мировен договор за Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека разговорите биле конструктивни, но дека некои делови од предложениот план се неприфатливи за Русија.

Американската страна ја претставуваа специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер, кои досега не се огласија за разговорите.

Путин претходно порача дека измените предложени од Украина и нејзините европски сојузници се неприфатливи, додавајќи дека „ако Европа сака војна, Русија е подготвена“.

Реклама

„Со некои точки се согласивме, но некои работи ги критикувавме. Некои американски предлози изгледаат повеќе или помалку прифатливи, но за нив треба да се дискутира. Некои од формулациите што ни беа предложени не ни одговараат. Сè уште не сме смислиле компромисна верзија. Претстои многу работа“, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков.

Тој додаде дека нова средба Путин-Трамп во моментот не се планира, но постојат големи можности за економска соработка помеѓу САД и Русија.