Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Незаслужените оценки им прават проблем на децата, притисокот за „петки“ го прават родителите, смета министерката Јаневска

Создавањето здрави, храбри, мислечки и сочувствителни личности е континуиран процес кој започнува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Создавањето здрави, храбри, мислечки и сочувствителни личности е континуиран процес кој започнува уште од најмалата возраст кај децата. Најпрвин во семејството, потоа во училиштето, но секогаш како заедничка спрега помеѓу овие два клучни чинители. За таа цел, Министерството за образование и наука веќе спроведува редица реформни промени, со краен исход дека знаењето е тесно поврзано со емпатијата и чувствата кај учениците. Ова го истакна министерката за образование на денешната петта по ред панел-дискусија на тема: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“, која се одржа во Струмица, а како дел од Националната кампања „Магијата е во знаењето“.

„Она што би сакала да се изгласа во Парламентот, откако ќе ги завршиме т.н. реформи, јас ќе ги наречам промени… и да видиме дека по одреден број години, еве на пример 2, 3 или 5, сè е во ред, тогаш би сакала да донесеме еден политички консензус во кој сите политички партии ќе се сложат дека овој континуитет треба да се одржува: и во наставни планови, и во наставни програми и во други принципи… значи дека која власт и да дојде ќе се придржува до тие принципи… Се разбира, во таа една декларација ќе има место за знаењето, за наставниците, место за учениците, место и за политичарите, и да се придржуваме до неа за да не правиме деструктивни процеси во образованието“, рече проф. д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Дека образовниот процес е комплексен дел од развојот на личноста, особено во време кога децата, односно учениците, живеат во два паралелни света – реалниот и виртуелниот – согласни се и наставниците, а и психолозите. Тие сметаат дека првиот пример на кој се огледуваат децата се родителите и наставниците, па затоа тие треба да бидат особено внимателни во тоа што и како им презентираат на децата.

Реклама

„Кога детето ќе ја земе лектирата да ја чита… и додека тоа чита, јас седам на мојот мобилен телефон и сум на социјалните мрежи. Детето мене никогаш не ме видело со книга в раце, а јас барам од него тоа да го прави. И сега, моделот родителски во тој случај е крајно негативен, па и моделот професорски или наставнички“, истакна Ана Витанова-Рингачева, вонреден професор при УГД – Штип.

„Учениците кога доаѓаат за првпат во училиштето не доаѓаат само со ранчето на грбот со книгите. Доаѓаат со два ранци на грбот. Ние возрасните како и да не го гледаме другиот ранец. Во другиот ранец имаат чувства, стравови, емоции, страв од непознато, страв од светлина“, кажа Стојне Митева, психолог и гешталт-терапевт во ООУ „Маршал Тито“, Муртино.

На панел-дискусијата стана збор и за приодот кон сè побројните деца со посебни образовни потреби, како и за учениците на болничко лекување, а за што министерката Јаневска посочи дека се посветува големо внимание за нивна што побезболна и поцелисходна инклузија во образовниот процес, што кај нас е новина.