Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Дискусија „Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие“ на Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“

Во рамки на дводневниот Форум за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на дводневниот Форум за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“, проект на фондацијата „Свети Фотиј Велики“ – Скопје, денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје со почеток од 19 часот, ќе биде одржана дискусија насловена „Homo Religiosus: За човекот како религиозно битие“.

Во неа, како што наведува организаторот, фокусот ќе биде ставен на значењата и интерпретациите на концептот за религиозноста во европската култура. Во дискусијата ќе учествуваат Сотирис Митралексис од Лондонскиот универзитетски колеџ (UCL) и Институтот за православни христијански студии во Кембриџ (IOCS) и Александар Таковски од AAB Колеџот во Приштина.

Вчера, на првиот ден од форумото, беше одржана дискусија на тема „Homo Veritatis: За вистината во јавниот дискурс“, на која говореа Дионисиос Склирис, професор по философија на Богословскиот факултет во Атина и новинар во неделникот Το Вима, и Ненад Марковиќ, професор по политички науки и еден од основачите на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. 

Реклама

Настаните се со слободен влез и отворени за пошироката публика. 

Форумот за Интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ дејствува како дијалошка платформа, која се состои од дискусии на различни философски, теолошки, социјални, етички и културолошки теми. ац/са/