Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Прилепскиот Економски факултет, пионер во меѓусекторската соработка во развојот на студиските програми

Студентите и работодавачите седнаа на иста маса со цел да ја поттикнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите и работодавачите седнаа на иста маса со цел да ја поттикнат взаемната доверба и градењето на идни одржливи партнерски релации. Под медијаторството на прилепскиот Економски факултет, придобивки од овој пионерски чекор на оваа високо-образовна институција треба да имаат и едните, и другите – студентите стекнуваат компетенции релевантни за пазарот на трудот со што полесно ќе доаѓаат и до работни места, а работодавачите ќе имаат директен увид во реалните знаења и вештини на студентите.

  „Бизнис-заедницата е отворена за голема соработка, Факултетот е спремен, и дефинитивно треба да продолжиме да соработуваме. Најголемите компетенции се практичната работа, соработката на реални прокети, реализација на студентски пракси“, – посочи Никола Тумбовски, студент на четврта година.

  „Соработка мора да има, бидејќи моментално излегуваат студенти кои не се спремни веднаш да почнат со работа, им недостатуваат вештини“, – рече Катерина Јакимовска – Геровска, работодавач од Битола.

Реклама

  Соработката меѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните е од особено значење во процесите поврзани со креирање конкурентни студиски програми и студиски програми фокусирани на студентот. Ваквата соработка иницира процеси што водат кон зајакнување на компетенциите на студентите и дефинирање знаења и вештини во согласност со барањата на работодавачите, а базирани на претходни анкетни прашалници.

   „За таа цел беше спроведено анкетно истражување во кое што беа вклучени 107 компании и тоа за секоја студиска програма одделно, пришто основната идеја е да се идентификуваат компетенциите, знаењата, вештините кои што треба да ги поседуваат студентите на Економскиот факултет во Прилеп, после нивното дипломирање, преку размена на искуства помеѓу четири групи на стејкхолдери – работодавачи, академска заедница, студенти и алумни на факултетот“, – изјави Татјана Спасеска, декан на Економски факултет – Прилеп.

  „Без лажна скромност, можам да кажам дека овој настан е еден од оние историски кои ќе го обликуваат образованието како прв чекор на Економскиот факултет – Прилеп, потоа на УКЛО- Битола, а сигурен сум ќе се прошири и на целокупното високо образование“, – посочи Игор Неделковски, ректор на УКЛО-Битола.

   Во оваа насока, годинава, од бизнис-секторот биле одобрени и стипендии за 30 бруцоши на Економскит факултет во Прилеп.