Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Лозово доделува стипендии за средношколци и студенти

– Општина Лозово четврта година по ред ја спроведува програмата за стипендирање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Лозово четврта година по ред ја спроведува програмата за стипендирање, со која обезбедува осум стипендии за средношколци и студенти од различни категории, со цел поддршка на талентите и создавање еднакви шанси за младите.

Како што соопштуваат од локалната самоупраа, две од стипендиите се за средношколци од семејства корисници на социјална заштита, две за студенти од семејства со социјални предизвици, две стипендии за талентирани средношколци со одличен успех и труд, и две за талентирани студенти и младински лидери.

Стипендиите се во месечен износ од по две илјади, девет месеци за средношколци и три илјади за студенти, исто така, девет месеци.

Реклама

Градоначалникот Бошко Цветковски информира  дека оваа програма е повеќе од финансиска мерка бидејќи, како што потенцира, таа претставува создавање еднакви шанси, поддршка на талентот и инвестирање во иднината на заедницата.

– Младите се нашата најголема сила, најголемо богатство и највредна инвестиција. Кога вложуваме во нив, вложуваме во нашиот идентитет, во нашата заедница, во нашето утре. Секоја доделена стипендија е една рака подадена на млад човек кој се бори за подобра иднина. Секоја поддршка е чекор напред кон пофер општество, а  секој успех на младите е успех на целата општина, потенцира  Бошковски.

Пријавувањето е до 9 декемвриво Општина Лозово, а за потребните документи заинтересираните информации можат да најдат на веб-страната на Општина Лозово.