Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Муцунски ја претстави „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030“

„Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030“ – петгодишен план…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030“ – петгодишен план за развој на соработката со иселениците и припадниците на македонското национално малцинство, претставен од првиот човек на дипломатијата Тимчо Муцунски. Министерот за надворешни работи вели дека македонската дијаспора е најголемата и најраспространетата мрежа која ја има нашата држава.

„Ова не е Стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство: институции, експерти, организации, професионалци и, најважно, дијаспората. Таа значи дека Владата ги слуша вашите потреби, предлози и критики. Оваа Стратегија значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација“ вели Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи

Она што не прави посебни надвор од нашите граници се културата, образованието и јазикот, министерот ја посочи културата како најсилниот дипломат на државата, бидејќи ја пренесува нејзината душа и идентитет.

Реклама

„Образованието и јазикот се корените што мораме да ги зачуваме и унапредиме. Во време на глобални тектонски промени, токму јазикот и знаењето не прават да останеме свои. Јазикот е нашата татковина и оваа Стратегија ја штити нашата заедничка татковина за нашите поколенија. Исто така со Стратегијата ќе го зајакнуваме националниот идентитет на светската сцена и преку развој на спортот и спортската дипломатија“ вели Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи

Претставници од дијаспората, граѓанскиот сектор и академската фела дебатираа на темите опфатени во Стратегијата која во наредните дена ќе биде отворена и за јавноста, и секоја заинтересирана страна ќе може да даде дополнителен придонес за нејзино понатамошно подобрување.

Давид Крстевски