Реклама
Прилози

Општина Прилеп продолжува да ги јакне капацитетите за современо управување со отпадот

   Во општина Прилеп започнува подготовката на техничката документација за Проект за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Во општина Прилеп започнува подготовката на техничката документација за Проект за изградба на современа Постројка за третирање на биоразградлив и инертен отпад. Ова следува, откако општината, по претходен Јавен повик на УНДП, се рангираше највисоко помеѓу 30-тината општини-апликанти, добивајќи грант од 50.000 долари за изградба на Компостара и на плац за дробење и преработка на градежен шут.

 „Средствата кои што се обезбедени во рамките на овој повик за општина Прилеп изнесуваат 50.000 долари, а додека вредноста на проценетата инвестиција за оваа Постројка за изработка и третман би чинела околу 3 милиони американски долари. Целта на проектот е да се подобри управувањето со биоразградливиот и цврстиот отпад, особено биоразградливиот, кој што според нашите проценки, претставува 48-55 % од вкупниот отпад кој сите ние како граѓани го депонираме“, – вели Борче Јанкулоски од ЛС Прилеп.

  Овој проект е само прв чекор кон сериозните прелиминирани подготовки кои ги прави општина Прилеп пред да се започне и со изградбата на Регионалната депонија во Новаци. Со ова, ем би се зачувала здрава локалната животна средина, ем би се намалиле транспортните трошоци за депонирање на отпадот, а секако би се зачувал и веќе постоечкиот епитет на градот како „најзелена“ општина.

Реклама

 „Од анализите кои што се направени согласно Проектот, проценето е дека повеќе од 35 кило-тони јаглерод диоксид би се намалил како емисија во животната средина ако овој Проект биде завршен…Со таков еден сериозно изработен Проект би се конкурирало до сите релевантни иинституции кои што нудат средства за изградба на вакви капацитети и со тоа општина Прилеп да го дозаокружи процесот“, – посочи Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 „Сето е поврзано се Регионалната депонија, помала количина на отпад да се однесе на Регионалната депонија и помалку да се плати за истото одлагање“, – рече Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“, Прилеп.

   Новата Компостара и плацот за преработка на тврдиот отпад ќе биде лоцирана кај Депонијата „Алинци“, каде веќе се гради и друга Фабрика за селекција на отпад, а за која во 2023 година Општината доби грант од Владата во висина од 90 милиони денари.