Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Загадувањето на воздухот е причина за поголема смртност во државата

Респираторни проблеми кај деца, до хронични болести кај возрасните. Секоја година, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Респираторни проблеми кај деца, до хронични болести кај возрасните. Секоја година, како паѓаат температурите, така растат вредностите на штетните честички во воздухот. Според извештаите на УНИЦЕФ во 2024 година во Македонија, 11,6 проценти од  смртните случаи кај новороденчињата се случуваат поради загадениот воздух. Аерозагадувањето е втор најголем ризик фактор за предвремена смрт алармираат докторите.

„1 од 9 смртни случаи на деца во Македонија според извештајот на УНИЦЕФ во 2024 година се должат на аерозагадување. 1 од 9 смртни случаи на новороденчиња до едногодишна возраст. Во февруари 2024 според истиот извештај на УНИЦЕФ, Скопје повторно се наоѓа меѓу десетте најзагадени градови.“– изјави докторот Антони Новотони.

Според независниот советник во град Скопје Димески, најголеми загадувачи на воздухот се домаќинствата и индустријата. Од таму вели дека свеста на граѓаните треба да се зголеми и апелира до надлежните да превземат мерки, а едни од предлозите беа да се забрани користењето на јаглен, да се субвенционира поставување на соларни панели на кровите од зградите, а оние граѓани кои имаат можнст, да се приклучат на централно греење.

„Да направиме попис на сите печки и оџаци во општината и на кафаните и на индустриските објекти и на домаќинствата пред се и да лоцираме доколку има пример еве домаќинства кои користат стари печки или несоодветни горива да дизајнираме некој облик на субвенции со кој ако се работи нели за семејства или лица во социјален ризик да им помогнеме да се заменат бидејки и нова печка многу помалку загадува.“– изјави Јане Димески, независен советник во град Скопје.

Денеска мерните станици покажуваат дека воздухот во Скопје е штетен за здравјето на чувствителните групи. Вредноста на ПМ честичките достигна 54 микрограми на кубен метар од дозволената вредност од 25. Владата најави дека интензивно преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување како и изградба на конегенеративни гасни централи.