Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за лекарот што ја оперираше Јилдиз Веапоска

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност, за екс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност, за екс директорот на струшката болница Мухамед Асани.Обвинителството во долгата и мачна  4 годишна голгота по безброј одложувања,докажа дека тој бил виновен затоа што дебрчанката Јулдиз Веапоска ја оставил без три органи,матка бубрег и јајник.

Доколку родилката не била препратена на скопскиот клинички центар, целата ситуација би завршила дури со смртен исход,констатираше судијата Јордан Јованов при изрекување на пресудата.Единствениот виновник за тешката здравствена состојба во која се најде родилката на само 28 години е доктор Мухамед Асани.

 “Ваквите постапки на неследање на состојбата и неприземање на никакви дејствија, претставуваат груба небрежност за вршење на ова кривично дело и последиците со толкави размери што бил дури доведен во прашање и животот на оштетената.Според ова, судот обинетиот Мухамед Асани го огласува за виновен и му изрекува ефективна казна затвор во траење од 3 години, која што е максимална предвидена казна за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува и споредна казна, забрана за вршење професија, дејност или должност,во треање од 5 години.” -рече Јордан Јованов,судија

Реклама

Јулдиз која што со години низ судските лавиринти ја бараше правдата, само делумно е задоволна од изречената пресуда. Таа ќе се жали,бидејќи според нема зад решетки требало да заврши и синот на Мухамед Асани кој што беше второобвинет .

“Од пресудата сум задоволна поради Мухамед Асани но заради ослободувањето на Блертон Асани како специјализант што се учел врз мене и што се учел да работи врз мене и да ме пораѓа така како што ме пораѓале и двајцата со извадени органи, не сум задолна од одлуката за Блертон Асани што помина така многу лесно”-вели Јилдиз Веапоска

Трето обвинетата докторка, Лилјана Јовановска судот целосно ја ослободи од вина.Мухамед Асани има право на жалба, бидејќи станува збор за првостепена пресуда.Инаку Веапоска беше оперирана во 2018-та година кога поради постоперативни компликации се разбуди без матка, јајник и бубрег.