Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Собраниска делегација на 23. Есенски состанок на ПС на ОБСЕ во Турција

Собраниска делегација во состав Моника Зајкова, Мимоза Муса и Ели Панова учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниска делегација во состав Моника Зајкова, Мимоза Муса и Ели Панова учествува на 23. Есенски состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ што од неделата се одржува во Истанбул. 

Парламентарната конференција, како што денеска соопшти собраниската прес-служба, била отворена со засилени апели за ревитализирање на мултилатерализмот преку дијалог и соработка.

Првата сесија била фокусирана кон премостување на перспективите и зајакнување на дијалогот, медијацијата и довербата во ерата на неизвесност. На оваа сесија се обратила пратеничката Зајкова, која истакнала дека меѓународниот пејзаж е обележан со длабока сложеност затоа што конфликтите продолжуваат, а геополитичките тензии се заоструваат.

Реклама

Во време кога дезинформациите се шират и довербата на граѓаните во институциите се намалува потребна е поголема посветеност кон дијалогот, соработката и споделената одговорност. Затоа е потребно да се имаат предвид основачките принципи на ОБСЕ дека безбедноста е неделива, односно дека сите зависиме едни од други, посочила Зајкова. Според неа, дијалогот е најважната алатка за зачувување на мирот, а преку отворени канали на комуникација може да се отфрли стравот и да се исправат дезинформациите.

Посочила дека без разлика дали неизвесностите доаѓаат од геополитички, економски, технолошки или еколошки предизвици, секогаш бараат обновен дух на солидарност и одговорност, а премостувањето на перспективите не значи елиминирање на разликите, туку создавање простор за нивно разбирање и управување со можност за трансформирање во мир.

На конференцијата учествуваат околу 200 пратеници, претставувајќи 53 земји учеснички на ОБСЕ, како и неколку парламентарци од медитеранските партнери за соработка.

Говорниците повикале на праведен мир во Украина, нагласувајќи дека сите преговори мора да го вклучат Киев на масата, како и пат кон долгорочен мир на Блискиот Исток врз основа на признавање на две држави, стои во соопштението од прес-службата на Собранието.

Претседателот на ПС на ОБСЕ, Пере Жоан Понс (Шпанија), истакнал дека Европа повторно гледа во бездната на војната, што се гледа преку Украина и Газа и нагласил дека Собранието ќе продолжи со ангажманот во Јужен Кавказ, работејќи со сите политички сили за да помогне во зајакнувањето на демократијата и дијалогот. Тој ја нагласил и важноста на економската и еколошката димензија на безбедноста, истакнувајќи ја особено работата на ПС по прашањето на климатските промени.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, истакнал дека ОБСЕ има инклузивност, легитимитет, искуство и историска меморија да покаже дека дијалогот и соработката се сè уште можни и потребни, особено во најтемните времиња.