Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Општина Аеродром: Нула комуналии за младите до 35 години

Општина Аеродром информира дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром информира дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.

Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом.

Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата. 

Реклама

Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве услови: лица кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесување на барањето; да се жители на Општина Аеродром најмалку (2) години; градат, доградуваат или надградуваат прв дом во нивна сопственост; и објектот се гради исклучиво за лични станбени потреби.

Заинтересираните треба да поднесат комплетна техничка документација согласно со Законот за градење, како и изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет (10) години.

Ослободувањето од комуналии се однесува на: изградба на нова индивидуална куќа; доградба на постоен станбен објект за индивидуално домување; или надградба на постоен станбен објект за индивидуално домување со која се создава прв дом, информираат од Општина Аеродром.