Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Димитар Богески, нов директор на Државниот архив на Македонија

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова.

Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период.

-Архивот како институција зазема значајно место во нашата држава. Тој е чувар на историјата и идентитетот на Македонија, обезбедувајќи континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината. Ова е првпат по долги години на чело на една ваква престижна позиција да дојде човек кој е од редовите на вработените – со 19 години работен стаж, кој ги поминал сите скалила во институцијата. Тоа искуство е од непроценливо значење и ќе помогне во надминувањето на сите предизвици со кои се соочуваат вработените и корисниците на услугите на Архивот, се посочува во објавата на Фејсбук на Државниот архив на Македонија.

Реклама

Целта на новиот директор, како што посочуваат, е Архивот да биде отворен кон сите, да се слушнат различни идеи и решенија со цел подобра и поефикасна работа.

-Пред сè, тој е тука за вработените, кои се столбот на институцијата и чија посветеност е клучна за нејзиниот развој. Директорот Богески верува во заедничка и посветена работа, чија цел е Архивот да се издигне на повисоко ниво – како современа институција која ќе обезбеди дигитализација, поголема достапност на документите, зајакнување на научната и образовната улога, како и промоција на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност. Државниот архив останува институција која ја гарантира меморијата на државата и ја гради довербата на граѓаните. Со нова енергија и визија, тој ќе продолжи да биде темел на знаењето и мост кон иднината, соопштуваат од Државниот архив на Македонија.

Претходната директорка на Државниот архив на Македонија, Наташа Котлар-Трајкова на 14 ноември беше разрешена од функцијата која ја извршуваше една година и четири месеци. Таа во изјава за медиуми нагласи дека поводот поради кој е разрешена е едно нејзино интервју во месец август со кое изнесува критички став за македонските иселеници во Австралија.