Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Стоилковиќ – Сиаојан: Македонско – кинеските односи се карактеризираат со долгогодишно меѓусебно разбирање, почитување и поддршка

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска остварил работна средба со делегација од Амбасадата на НР Кина во Скопје, предводена од новоименуваната амбасадорка, Џанг Сиаојан, која, како што информираат од неговиот Кабинет, се одржала во конструктивна атмосфера, при што двете страни изразиле „задоволство од континуитетот и квалитетот на билатералните односи“.

Амбасадорката Сјаојен, го реафирмираше принципиелниот став на Народна Република Кина за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Во рамки на разговорите, како што се вели во соопштението, било потенцирано дека односите меѓу двете држави се карактеризираат со долгогодишно меѓусебно разбирање, почитување и поддршка, како и дека постои солидна основа за нивно натамошно унапредување.

-Предизвиците не се мали, ниту ограничувањата, но нема да се откажам од тој прозорец на соработка со Кина. Треба пречките да ги надминуваме, а расположението да го преточиме во соработка“, истакна потпретседателот и министер Стоилковиќ и осврнувајќи се на трговската размена меѓу двете земји додавајќи „Имаме размена која е диспропорционална, затоа бараме трговска преференција за македонските производи. Ова се ситни чекори кои мораат да почнат да се реализираат и работите да се туркаат напред“, се вели во соопштението од Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците.

Реклама

Сиаојан, стои во соопштението, изразила подготвеност да придонесе кон продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес, со цел дополнително јакнење на партнерските врски, со фокус на визниот режим за кинеските граѓани и акцент на туризмот за што најави средба со тамошните туроператори.

На крајот од средбата, соговорниците ја истакнале важноста од одржување редовен и интензивиран дијалог како предуслов за понатамошен напредок во билатералните односи. Двете страни, се вели во соопштението од Кабинетот на Стоилковиќ, изразиле подготвеност за продолжување на досегашната успешна соработка, како и за иницирање нови проекти и активности кои ќе придонесат за создавање уште посилни и поодржливи врски меѓу Македонија и НР Кина.