Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Прилози

Се уште траат разговорите за новите ресори во Владата

Продолжуваат консултациите во рамки на владејачката коалиција за распределбата на ресорите кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат консултациите во рамки на владејачката коалиција за распределбата на ресорите кои треба да ги преземе ВЛЕН по локалните избори. Мицкоски во петокот го информирал Извршниот комитет на партијата дека се започнати преговори со партнерите во Владата во врска со најавената реконструкција и дека дел од нив доставиле свои барања.

Имиња и детали во која насока одат разговорите не споделува.

„Во рамките на коалицијата траат консултациите., истакна Мицкоски.

Реклама

Неизвесно е дали само ќе има пополнување на испразнетите места или ќе има и промени или рокади во ресорите што ги водат кадри од ВМРо-ДПМНЕ.  Премиерот вели дека  фокусот во овој момент е на партиските обврски и на организацијата на претстојниот конгрес.

„Во овој момент сме фокусирани како ВМРО-ДПМНЕ на подготовките на партискиот конгрес на 6 декември, вели претседателот на Владата.

Она што е веќе извесно е дека ќе има промена на позицијата прв вицепремиер и министер за животна средина, по заминувањето на Изет Меџити на функцијата градоначалник на Чаир. Коалицијата ВЛЕН како решение го предлага Беким Сали, а за ресорот животна средина ќе истакне нов кандидат. Непознато останнува дали таму ќе оди кадар на ВРЕДИ, или пак ќе има друга математика.

Од Владата порачуваат дека процесите се одвиваат стабилно, во партнерски дух и со цел за поефикасно владеење. Конечните договори околу реконструкцијата се очекува во следниов период да и бидат соопштени на јавноста.