Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Кавадарци го решава сообраќајниот хаос со современа сигнализација и нови патокази

Поголема безбедност на возачите и на пешаците, но и намалување на сообраќајните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема безбедност на возачите и на пешаците, но и намалување на сообраќајните „тесни грла“ каде зачестеноста на незгоди беше голема, со поставување современа сигнализација и нови патокази, се само дел од мерките кои општина Кавадарци ги презема за решавање на сообраќајниот хаос во градот. Речиси сите поголеми крстосници се решени со кружни текови, досегашните двофазни семафори се заменети со трофазни, а поставени се и нови портали, како што е случајот и на Булеварот „Никола Минчев“, инвестиција вредна околу еден милион денари.

„Со тоа се овозможува и протокот на сообраќајот да биде побрз, а со тоа и можноста за паркирање е ослободена и да не доаѓа до конфликт во делот на сообраќајот и застој во самиот сообраќај… Во идна фаза ќе работиме на сите пешачки зони каде што имаме премин на пешаци со побрзо движење на возила, да можеме да го успориме сообраќајот и пешачките зони да бидат што повидливи, особено навечер или при дожд и магла… А особено со изградбата на Обиколницата која што ќе ја започнеме наредната година и со отстранувањето на тешките товарни возила од самата градска средина, мислам дека ќе добиеме еден најбезбеден град во делот на сообраќајот и сообраќајните решенија“ – изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Во сите овие активности се вклучени и сите други надлежни чинители, полицијата, сообраќајниот општински инспекторат и други.

Реклама

„Исто така, изготвени се сообраќајни проекти на сите локални патишта кои водат до нашите села, вкупно 15. Половина од нив имаат и сообраќајни знаци, а на дел од нив поставена е и заштитна еластична ограда, сè со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот. Во самиот град, во поголем дел се докомплетира со сообраќајни знаци, така што слободно може да се каже дека нема оддалечена сообраќајна крстосница во градот каде што нема поставено сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот“ – кажа Драган Рамов, раководител на Одделението за инспекциски сообраќаен надзор при ЛС Кавадарци.

Инаку, општина Кавадарци е една од општините со најголем број современи кружни текови и прегледно означени булевари. Дел од нив се финансирани со општински средства, дел со донации од општествено-одговорни компании, а во последно време и како општински проекти финансирани од Владата со пари од унгарскиот кредит.