Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Во Прилеп ќе се спроведува акција за почист град под мотото „Еко-мисија, твој потпис за природата“

Подигање на свеста за еко-системот во кој што живееме со организирано чистење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подигање на свеста за еко-системот во кој што живееме со организирано чистење на дивите депонии околу излетничките места, но и на улиците кои се на влезовите во градот. Ова е дел од планот на новиот градоначалник Дејан Проданоски, за почист и незагаден Прилеп. Во акцијата, која в сабота ќе се спроведува под мотото “Еко-мисија,твој потпис за природата“, освен надлежните јавни претпријатија, ќе бидат вклучени и компаниите, невладини организации, но и граѓани и ученици.

  „Сакаме да ги организираме сите граѓани, сите административци, сите луѓе вработени во реалниот сектор и да дадеме свој приодонес за чистење на она кое што сами го загадуваме, односно го расфрламе отпадот во околината на нашиот град. Предвидени се неколку локации на кои што сметаме дека треба да се посвети внимание“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 „Во минатиот период беа засадени негде околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, Могилата на непобедените, а исто така и во кругот на Капелата на Старите градски гробишта“, – рече Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“, Прилеп.

Реклама

   Со акцијата ќе се чисти околу Вештачкото езеро и кај излетничките места „Селце“ и „Волково“, каде пак, планирано е во блиска иднина да „никнат“ и рекреативни паркови. А најмалите прилепчанчиња ќе бидат вклучени во бојадисувањето на дрворедите во градот. Инаку, казните за непочитување на Законот за управување со отпад, се доста високи и изнесуваат од 500 до 1.000 евра за физички лица, и од 9.000-15.000 евра за правните субјекти, во зависност од нивната големина, потсетуваат од општина Прилеп.