Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во штипската Клиничка болница се работи на надминување на проблемот со недостиг на кадар

Клиничка болница-Штип го решава  проблемот со недостиг на кадар. Директорот на Клиничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничка болница-Штип го решава  проблемот со недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека со вработување на 18 здравствени работници ќе започне веднаш штом заклучокот на ДИК, дека Локалните избори се завршени, ќе биде објавен во Службен весник. По што болницата наредниот ден ќе ги потпише договорите за работа со новоприманите. На неопределено време ќе бидат ангажирани седум лекари по општа медицина, фармацевти и медицински сетри, кои на последниот оглас за вработување распишан пред изборите, оствариле најдобри резултати. Постапката  за избор е целосно завршена

-Периодот на интервју на одлука е донесен, периодот на жалби е поминат. Се чека само на завршување на периодот за тие 18 лица што се избрани да потпишат договор, вели Захариев.

До крајот на годината се очекуваат и уште 25 вработувања во Клиничка болница-Штип. Захариев појаснува дека најголем дел ќе бидат технички персонал, односно болничари, хигиеничари и медицински сестри. Се  очекува и до крајот на годината да биде распишан уште еден конкурс, со што ќе се намали недостигот на кадар кој се чувствува во речиси сите одделенија.

Реклама

-Недостаток има на сите одделенија. Не би можел да издвојам некое, критични се сите, но некако се справуваваме со тој недостаток. Се надевам дека со новите вработувања, 2026 ќе ја почнеме во подобра кондиција, рече Захариев.