Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Генералот Лафчиски во тридневна посета на контингентите на Армијата во Романија и Бугарија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска започна тридневна работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска започна тридневна работна посета на контингентите на Армијата распоредени во Романија и Република Бугарија.

Во рамки на агендата, Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во двете земји, ангажирани во активноста „Forward Land Forces – FLF“. За време на престојот во Романија, тој ќе се сретне со командантот на Мултинационалниот корпус Југоисток, генерал-мајор Христијан Даниел Дан, а на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓита Влад, ќе присуствува на Денот за високи гости на вежбата „Dacian Fall 2025“ на полигонот во Чинку, Брашов.

Во Бугарија, генерал Лафчиски ќе оствари средби со командантот на Здружените сили на Република Бугарија, генерал-мајор Станимир Христов, како и со командантот на Мултинационалната борбена група, полковник Матиа Широко.

Реклама

Македонската Армија придонесува во овие активности од крајот на 2022 година со два свои состави, кои заедно со сојузничките сили се дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана.