Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија.

Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.

Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Македонија и Оливер Бертшингер, претседател и извршен директор на Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа – СЕЦ.

Реклама

Во рамките на форумот ќе се дискутира за пазарните изгледи и можности за влез на швајцарскиот пазар, правните аспекти и трговските спогодби меѓу двете држави, како и за потенцијалот за нови инвестиции, технолошка соработка и извозни иницијативи.

Како што се наведува во најавата за настанот, на панел-дискусијата за потенцијалот за бизнис, трговија и инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија ќе учествуваат д-р Андреј Вчковски, основач и поранешен главен извршен директор на Netcetera и член на Одборот на директори на Switzerland Global Enterprise, Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на Макстил АД и Дуферко СА, Игор Тодорчевски, генерален директор на Alkaloidpharm Corp. (Швајцарија) и Даниел Матракоски, експерт за меѓународна соработка во СКСМ.

Настанот е заеднички организиран од Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје.