Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДСМ затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче

Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче, кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски ов ВМРО-ДПМНЕ.

-Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава. Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев. Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС. Очигледно е дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче, истакна Манасиевски.

Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи, додава Манасиевски.