Реклама

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Македонија

Музеј Демир Капија одбележа15 години постоење

Музеј на Демир Капија вчера одбележа15 години постоење. Јубилејот беше одбележан со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Музеј на Демир Капија вчера одбележа15 години постоење. Јубилејот беше одбележан со отварање на изложбата „Теракотните икони од Виничко Кале“, со целосна поддршка од Министерството за култура и туризам, а во соработка со Локален историски и археолошки музеј „Теракота“ од Виница.

– Пред 15 години, со одлука на Советот на Општина Демир Капија  беше отворен музејот,  со намера  да биде посветен на виното и винската консумна култура. Како основен музејски фонд беа откупени етнолошки предмети од локални жители од Демир Капија, а набргу потоа со археолошки истражувања поддржани од Министерството за култура и туризам на Македонија беше создадена и археолошката збирка, со што тој и почна да работи како Општ  музеј во состав на Дом на култура „Мирка Гинова“ Демир Капија, потсети Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос во Музејот. 

Таа истакна дека првите чекори, музејот ги чекореше трасирајќи го својот пат во сферата на културата и уметноста , етнологијата и археологијата.

Реклама

– Со реализирани бројни проекти со кои полека ја испишува историјата на своето постоење, како важна алка од општественото живеење на Демир Капија, но пред се како централна и основна позиција за развој на културата ,за зачувување на културното наследство од регионот на Демир Капија и негова презентација пред  јавноста,за развој на туризмот како еден од основните двигатели на економскиот развој на општината во целина, подвлече Тодоровска Митрева. 

Автори на изложбата се кустос советниците, Јулијана Иванова,  Благица Стојанова и Магдалена Манаскова. 

За изложбата зборуваа,  Иванова и Стојанова и меѓу другото истакнаа дека и по четири децении од откривањето на најголемото депо на „теракотните икони“ од Виничко Кале,  не престануваат да ја интересираат домашната и светската научна јавност. Тие се несомнено најголемиот промотор на македонското културно историско и археолошко наследство на нашата држава и спаѓаат во редот на најавтентичните, најрепрезентативните и единствени од ваков тип во светот, а воедно и најекспортирано културно наследство. Иконите сведочат за високо развиено познавање на христијанската вера и нејзината сложена симболика на овие простори уште во 5-6 век.  Досега се изложувани во некои од најзначајните светски музеи и галерии.  Ватикан, Варшава, Москва, Рим,  Санкт Петербург, Мелбурн, Париз, Минхен, Анкара, Лисабон, Киев, Утрехт, Оксфорд, Белград, Загреб, Софија, Љубљана, Кордоба, Подгорица и уште многу други  европски градови. Притоа нагласија дека теракотните икони претставуваат драгоцен дел од целокупното христијанско уметничко наследство и како такви имаат непроценливо значење.