Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско Црнеец

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во близина на Стрежево на 1 ноември организираа и учествуваа во борби со кучиња.

Тие ќе одговараат за кривично дело „убивање и мачење животни“ согласно член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување. Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата „пит бул”, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок, информира денеска Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Реклама

Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани, а доколку двајцата странски државјани кои се во бегство, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи да им се суди во отсуство.