Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). 

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. 

Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково. 

Реклама

Во септември, прометот од патарини по издадени профактури ЕТЦ изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот „Отворен Балкан“ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари. 

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти.

Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да се отпочне преку правни лица малопродажбата на М-ТАГ уредите низ целата држава.