Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, денеска организираат церемонија за доделување на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025 за најдобра истражувачка сторија во Македонија за изминатата година.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ, официјално обраќање на церемонијата ќе имаат ЕУ амбасадорот Михалис Рокас и претседателот на жири-комисијата за наградата на ЕУ за истражувачко новинарство, Валентин Нешовски.

Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција е основана од Европската Унија во 2015 година со цел да ги промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство, како и да го истакне квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција.

Реклама

На конкурсот можеа да се пријават истражувачки стории објавени од медиуми во Северна Македонија во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година, во кои се обработуваат теми од слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќ и фундаментални права, корупција и организиран криминал.

Наградниот фонд во секоја од седумте земји за 2025 (за истражувачки стории објавени во 2024 година) изнесува 10.000 евра. Првата награда изнесува 5.000 евра, втората 3.000 евра и третата 2.000 евра.

Жири комисијата за ЕУ наградите за истражувачко новинарство се состои од медиумски експерти, некои од нив од членовите на проектниот конзорциум, како и од мрежата на конзорциумот составена од реномирани новинари, уредници и членови на академската заедница.

Настанот ќе се одржи во Europe House, Скопје, со почеток во 19 часот.

ЕУ наградата за истражувачко новинарство е координирана од Томсон медија, а во земјава имплементирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како дел од проектот „Зајакнување на квалитетното новинарство на Западен Балкан и во Турција 2“. Проектот е финансиран од ЕУ, а спроведуван од конзорциумот составен од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) – Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).