Реклама
Прилози

Филипче – чија партија ги закопа евроинтеграциите, ја критикува власта за Извештајот од Брисел

После сите пропусти и грешки на СДСМ изминатите години, како и потклекнувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После сите пропусти и грешки на СДСМ изминатите години, како и потклекнувања на барањата од соседите, сега првиот човек на партијата, Венко Филипче, која ги закопа евроинтеграциите, ја критикува актуелната власт за, како што рече, најлошиот извештај за напредокот на Македонија до сега. Без ни доза срам и самокритичност, Филипче сега тврди дека извештајот бил јасен показател дека земјава се движиела во погрешна насока и дека се наоѓа во ист кош со Косово, Молдавија, БиХ и Украина.

Впреувајќи го прстот на одговорност во власта, Филипче позитивен напредок забележал само во четири области, додека во останатите осум – никакво поместување, особено не гледал во економијата – за која последните година и половина, речиси сите релевантни економски меѓународни организации дадоа позитивни оценки и прогнози.

За долгонајавуваната Резолуција на црвените линии за заштита на националните интереси, што уште јавноста не ја виде и покрај тоа што избориоте дојдоа и пројдоа – Филипче вели била доставена до сите политички партии.Чекал мислење и соодветен одговор, за потоа да ја испрати и до Собранието.

Реклама

И покрај оставката на експретседателката на партијата Ана Чупеска, и повикот на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Ацески за оставка на целото раководство, Филипче уште не размислува за оставка. Тој се уште гледа придобивки на контото на неговата партија од последните избори, иако веќе отворено и зад кулисите, членови и симпатизери се „одлеваат“ во ЗНАМ и Левица. Вели, имал план за платформа која ќе ги обедини сите членови и симпатизери, по огромната разочараност од локалните избори.

Давид Крстевски