Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Националните интереси пред политиката: Договорот со Бугарија за железничкиот тунел е поттик за македонската економија

Поттик за интензивирање на соработката, бенефит за македонското стопанство. Договорот за изградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поттик за интензивирање на соработката, бенефит за македонското стопанство. Договорот за изградба на железничкиот тунел помеѓу Македонија и Бугарија е добра вест за македонската економија. Освен стратешки, овој капитален проект има и огромно значење за домашните компании, пред се градежни, кои ќе можат да бидат дел од неговата реализација. Стопанствениците очекуваат бенефит за локалните економии, но и нова точка на мапата за бизниси.

  • „Добро е што пристапуваме кон конкретизирање на Договорот и спојувањето на исток-запад така ќе го наречам, бидејќи оваа врска изостануваше во трговската и целата останата комуникација со истокот, со Бугарија, и се надеваме дека сите работи ќе бидат исполнети во законскиот рок со изградбата.. Секако дека е поттик, ова е дел од едно економско предвидливо заживување. Ние како бизнис кофедерација сонуваме Куманово да биде од сувите пристаништа и логистичките центри..“ вели Миле Бошков- претседател на Конфедерацијата на работодавачи.

Македонските компании кои ќе учествуваат во изградбата на Коридор 8, не само со зголемување на добивката ќе имаат можност да ги зголемат своите капацитети за да се пробијат и на европските пазари.

  • „Самите знаеме дека во Македонија многу малце компании се вклучени во изградба на железничка и патна инфраструктура. И ова ќе биде дополнителна добивка и за учење, зголемување на капацитети и знаење за да се настапува на други пазари… “ вели Бошков.

Договорот ќе се официјализира утре во Ѓуешево, со потпис на заменик претседателот на македонската Влада и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов. На потпишувањето предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, претставници на НАТО, претставници на САД на Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, како и претставници на Светска банка.

Реклама

Според проектот железничкиот тунел ќе биде со должина од 2,4 км, од кој половина на македонска страна. Изградбата на железничкиот Кориодoр 8, покрај економското значење за Македонија и регионот, има и безбедносно значење во рамки на НАТО Алијансата. Во таа насока, на источниот Коридор 8 веќе е изградена и пуштена за сообраќај пругата од Куманово до Бељаковце. Делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, а интензивно се работи и на подготовка за третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение.