Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Евроамбасадорот Рокас ќе го презнтира извештајот на ЕК во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи Презентација на Извештајот за напредок на Македонија од Европската комисија. Извештајот ќе биде презентиран од страна на амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.

Северна Македонија постигна значителниот напредок во спроведувањето на реформите предвидени со Реформската агенда, за што доказ е и исплатата на две транши на средства во рамки на Планот за раст на Западен Балкан, се наведува во Извештајот за напредокот на земјава на европскиот пат, што Европската комисија официјално ќе го објави денеска.

-(Македонските) власти продолжија да работат на имплементација на патоказите за владеење на правото, на реформата на јавната администрација и на функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, се вели во извештајот.

Реклама

Сепак, во него се забележува дека земјата треба да ги интензивира напорите за почитување на владеењето на правото, особено заштитата на независноста и интегритетот на судството и да ја засили борбата против корупцијата, при што се оценува дека е постигнат „ограничен напредок“ во областа на судските реформи. 

Како позитивен развој на настаните во извештајот се наведува формирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и се оценува дека земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување. 

Европската комисија во документот посочува и дека земјата е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и дека една од државите што се приклучи на Конвенцијата за заеднички транзит, чија цел е забрзување на движењето на стоките преку границите. 

Во извештајот се повторува и претходно изнесениот став за потребата од спроведување „со добра волја од сите страни“ на склучените билатерални договори, вклучувајќи го и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. 

Исто така, се нотира и дека се уште не се усвоени уставните амандмани насочени кон вклучување во Уставот на граѓани кои не претставуваат мнозинство, како што се Бугарите, за што земјата презела обврска.