Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат на две години

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните избори беа сосема во ред, како што треба да бидат по 30 години. Ме изненади малиот број кандидатки, очекував дека ќе има повеќе жени, оцени вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова порача дека треба да се размисли за ограничување на мандатот на градоначалниците на две години. Во спротивно, како што објасни, има опасност од партизација поради силните ингеренции, дури и од рефеудализација, посебно во малите средини. 

-Ако има граница во парламентарните системи, кај претседателите со церемонијални функции, тогаш кај нас системот на локална самоуправа се квалификува како квази претседателски, со многу силни ингеренции на градоначалниците. Оттука, нешто што е невообичаено, министри, пратеници, се одлучуваат да конкурираат за градоначалничка функција, истакна Сиљановска-Давкова.

Реклама

Дополнителен проблем, според неа, е отсуството на друга извршна власт, покрај градоначалникот, во смисла на локална влада, во форма на извршен одбор, извршен совет или повеќе извршни тела. Тоа, истакна претседателката, претставува силна концентрација на моќ.

-Повеќе од дваесет години ние имаме исти градоначалници. Тоа некаде се нарекува републикански монархизам, укажа Сиљановска-Давкова. 

На прашањето како да се спречи корумпирање ако нечие владеење доминира, а институциите се слаби, претседателката потенцира – утврдена тенденција е, не само во политичката наука, туку и во политичката пракса, дека власт може да ограничи власт.

-Вие рековте слаби институции, дека системот на ’спреги и кочници’ може да доведе до ограничена власт, дека силното јавно мислење може да ограничи власт, силна опозиција, а во моментов не можеме да речеме дека има. Меѓутоа, никогаш во политиката нема празен простор, падот на некоја опозициска партија или на некоја партија во влијанието ќе биде заменет или ќе има тенденција да биде заменет од друг. Силно граѓанско општество или невладини организации, политика на владеење на правото, независна судска власт (може да ограничат власт, н.з.). Кај сите имаме проблем. Затоа, одговорноста е далеку поголема, рече Сиљановска-Давкова.

Таа се повика и на историја на ситуации и научени лекции.

-Ако се опкружени нашите политичари со критичари, тогаш ќе внимаваат и ќе преземаат чекори. Ја споменавте претходната власт. Сетете се до какви промени доаѓаше во министерствата. Па, вие да сте волшебник, не можете да го реформирате Министерството за здравство за неколку месеци. Јас не знам колку министри се сменија. Резултатот го видовме. И со одговорноста, еднаш треба да се соочиме – дека кога нема да постигнете нешто, ќе си заминете. Добра лекција е, иако Словенија е многу понапред и различна. И министерот за правда и министерот за внатрешни работи заминаа. Значи, не говориме ние секогаш за кривична ни за граѓанска одговорност. Говориме за етика. Говориме за политичка одговорност, подвлече претседателката.