Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

СДСМ загуби уште еден бастион: Крушево по 8 години добива градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

По осум години власт на СДСМ, на овие Локални избори „падна“ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По осум години власт на СДСМ, на овие Локални избори „падна“ и Крушево. Новиот градоначалник на општината е Нико Чонески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Чонески, својот противкандидат Томе Христоски, кој се бореше за трет мандат и кој во првиот круг беше во водство, вчера го победи во тесна и неизвесна битка со вкупно освоени 2.643 гласа. „Вечерашната победа не е моја, таа е на сите нас. Сите заедно победивме со желбата Крушево да биде поубаво и попросперитетно  место за живеење, но и попривлечно за посетување“, – напиша синоќа на социјалните мрежи победникот Чонески, истовремено уверувајќи ги своите сограѓани дека веќе од денеска ќе пристапи кон реализацијата на сите ветени проекти.

   „Крушево, кое што за жал, колку што е прекрасно, толку има и проблеми. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево. Но, за жал, значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој, развој на секој сегмент, почнувајќи од инфраструктура до култура, а најважно од се’ во Крушево ни е потребен развој на економијата“, – изјави Нико Чонески, новоизбран градоначалник на Крушево. 

   Како и во Крушево, на вчерашните избори, ВМРО-ДПМНЕ победи и во соседните општини Македонски Брод и Могила, а додека во Долнени победата ја однесе, кандидатот на коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, „ВРЕДИ“, Блерим Ислами со што овде заврши ерата на градоначалниците од ДУИ.