Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат

Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи. 

Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат.

-Граѓаните го кажаа своето мислење и став преку гласање, каде што во Тетово успеавме со пет илјади гласови повеќе од противкандидатот на Биљал Касами.  Сме победиле во населбите, како што е Миѓени, со петстотини гласови повеќе, Центар, во Голема Речица успеавме да го превртиме резултатот со 120 гласови сме победиле. Во Џепчиште и порој со повеќе од 500 гласови сме победиле. Во Фалише со 100  гласови сме победиле, во Мала Речица со 360 гласови, Тетекс 1 и Тетекс 2 со 500 гласови повеќе сме победиле. Исто така сме во селата Вешала, Бродец, Лисец и Лавце сме победиле, рече Дурмиши.

Реклама

Тој најави дека Касами ќе работи во наредниот мандат како што бил посветен и во првиот.

-Му дадоа поддршка за втор мандат да работи уште подобро и уште посилно така како што работеше четири години како што беше фокусиран 24 часа на ден, така ќе оди, ќе работи и во наредниот период. Ќе работиме во секое место, без разлика како се определени граѓаните.  Ќе работиме низ секое место во градот, тие фундаментални проблеми што ги имавме во првиот мандат, градоначалникот успеа да ги реализира, да ги реши и сега во вториот мандат Тетово иќе се развие, ќе оди напред, истакна Дурмиши на прес-конференција на штабот на коалиција ВРЕДИ во Тетово.