Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Вториот круг за избор на градоначалник во пелагониските општини тече мирно, во фер и демократска атмосфера

Денешниот изборен ден, кој е втор круг за избор на градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешниот изборен ден, кој е втор круг за избор на градоначалник на општина Крушево, тече исто како и што започна, во фер и демократска атмосфера. Според ОИК, сите 23 избирачки места, утрово отворени се навреме, точно во 7  часот, а право на глас имаат 7.768 гласачи. Процентот на излезност до 13 часот се движи околу 35 проценти, и спореден со излезноста во претпладневните часови од првиот круг, сега е нешто поголем.

Крушевчани пак, стандардни во своите очекувања. Се надеваат дека новата ЛС ќе обезбеди поголем економски развој на општината, со отворање на нови фабрики и работни места, а со што би се намалило и големото иселување на младите, ама бараат и решавање на тековните комунални и инфраструктурни проблеми со кои секојдневно се судираат.

Истовремено, и во општина Долнени, вториот изборен круг тече без проблеми. До 13 часот на гласање излегле околу 15 проценти од гласачкото тело кое брои 11.929 гласачи кои гласаат на 40 изборни места. Во Могила пак, до истиот временски период излезени се на гласање 18,5 отсто од гласачите чиј број изнесува 4.671 гласач и споредено со првиот круг, процентот на излезност во оваса општина е речиси идентинчен, со тенденција значително да се зголемува во попладневните часови.