Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Герасимовски: Ги повикувам сите центарци во недела да гласаат за Центар што го сакаме

Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во програмата за вториот мандат предвидуваме изградба на модерен дом за стари лица, нова градинка, два покриени базени, катни гаражи, зголемени субвенции за учениците, бесплатни екскурзии и оброци. Продолжуваме да работиме во интерес на сите центарци, без поделби“.

Ова вчера го истакна кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски на средбите со граѓани, на терен, од врата до врата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Тој, потенцираше дека во изминатите четири години покажале дека може да се функционира чесно, отчетно и транспарентно.

-Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Почнавме вистински промени и сега е време тие да продолжат. Имаме јасна визија, Општина Центар како пример за европска, зелена, дигитална и хумана општина, која се грижи за сите генерации најмладите, семејствата и пензионерите, рече Герасимовски. 

Реклама

Герасимовски ги повикува сите граѓани на општината, в недела да излезат на гласање и да го дадат својот глас за концептот „За Центар што го сакаме“, за повеќе зеленило, за подобар квалитет на живот, за посреќни центарци.