Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители, вели во изјавата за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.

Затоа, предвидуваме целосна реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби, како и воведување комунална полиција со широки овластувања. Таа ќе биде во служба на граѓаните, со задача да обезбеди ред, чистота и безбедност во секое маало, на секоја улица.

Во нашиот план предвидуваме редовно одржување на јавната хигиена и проширување на зелените површини, поставување нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад на секои 150 метри, затоа што уреденото маало значи достоинствено секојдневие.

Реклама

Ќе воведеме планско градење согласно со принципите на хуманото живеење, со нови спортски игралишта и зони за рекреација достапни за сите генерации.

Паралелно, ќе спроведеме континуирана инспекција и мониторинг на работата на сите загадувачи, како и серија активности за подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Субвенциите за алтернативни еколошки системи за греење ќе бидат дополнителен поттик секое домаќинство да стане дел од решението, а не од проблемот.

Грижата за здравјето ќе ја донесеме поблиску до луѓето, бесплатни амбулантни прегледи во секоја месна заедница, мобилни ортопедски тимови за возрасните и воспоставување локален здравствен совет кој ќе координира со службата за итна медицинска помош.

Аеродром мора повторно да стане место каде што се живее чисто, безбедно и достоинствено.

Ова е наша заедничка задача, да се избориме за нашите деца и за генерациите што доаѓаат.