Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Мојсоска: ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во три општини – ,,благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски, се наведува во соопштението на Левица.

ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. Влен вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВЛЕН срамежливо вели “по сопствено убедување да се гласа”. Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на Влен, нели?

Единствена општина каде ВЛЕН не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на ВЛЕН и ДУИ, уште во прв круг победи кандидатот на ДУИ.
Значит, ВЛЕН и ДУИ отворено соработуваат во ТРИ ОПШТИНИ (Чашка, Брвеница и Кичево).

Реклама

Најверојатно, како ,,благодарност” што Мицкоски ги остави Гостивар, Тетово и Струга без свои кандидати за градоначалници. П.С. Курирчињата ги нема да бекнат за тоа како ВЛЕН ги пушти низ вода вмровските кандидати за градоначалници.