Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Претседателот на МД „Илинден”, Никола Ѓурѓај, учествува  на Конгресот на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво „Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво „Илинден”- Тирана учествува на 69. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), кој денеска попладне почна во Болзано, Јужен Тирол, Италија.

-Највисокиот собир на ФУЕН ќе трае до 26 октомври а домаќин е  Јужнотиролската народна партија, како рамноправна членка на унијата. Да потсетам дека нашето друштво рамноправна членка  е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН, рече Ѓурѓај. 

Присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Реклама

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН.

На сите досегашни Конгреси друштвото „Илинден” е редовен учесник и подносител на резолуции за положбата на Македонците во Албанија.

– И сега имаме поднесено резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Очекуваме, како и претходните резолуции за положбата на Македонците да биде едногласно усвоена, нагласи Ѓурѓај.

Друштвото редовно има и свој штанд на саемот на учесниците, на кој презентира македонски традиционални јадења, пијалаци, како и примероци од весникот ” Илинден” и монографиите со македонски народни носии од сите делови на Албанија.