Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Марковски: Скопје мора да диши слободно

„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата на овие локални избори на професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, се наведува во соопштението од  „Независни заедно“.

Овие настани имаат за цел да вклучат граѓани и стручни лица да зборуваат и разменуваат идеи на конкретна тема. На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како еден од најгорливите проблеми во Скопје.

Доц. Д-р Ирина Ангеловска, др. специјалист пулмолог повеќе се осврна на теоретскиот дел, причините за аерозагадување и последиците по општото здравје. Таа ја истакна и потребата од преземање на континуирани мерки од институциите, но и од секој поединец: носење маски, намалена употреба на штетни возила, да не се гори отпад, контрола на квалитетот на воздухот, доследно спроведување на законските решенија…

Реклама

Професорот Марковски ги претстави дел од мерките за справување со овој проблем. Аерозагадувањето не може да се реши преку ноќ, но можеме да преземеме мерки и политики кои ќе ни помогнат во негово намалување.

– Скопје мора да стимулира алтернативен превоз, а не возење на автомобили. Планираме воведување и набавка на еко – автобуси и такси возила. Исто така, по одредени студии имаме околу 80.000 домаќинства кои се греат на горива кои загадуваат. Овие граѓани, домаќинства мора да ги поддржиме во промената на начинот на греење, но да не ги заборавиме и другите загадувачи: индустрија, возила и сл.

М-р др. Вера Јовановска Типко, специјалист психијатар се осврна на менталното здравје во еден хаотичен град. Таа истакна дека сообраќајниот хаос е еден од главните стресогени фактори и затоа е потребно дестимулирање на возењето автомобили на дневно ниво.

– Хаос, катастрофа, лудило, немир, недоверба, гнев, страв, нема спас се само дел од зборовите и фразите кои ги користат граѓаните на дневно ниво за да го опишат своето живеење во Скопје, посочи Јовановска Типко.

Во недела можеме да ставиме крај на хаосот, партизацијата, безредието и апатијата. Гласај за 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски и 35 за советничката листа за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. Време е за стручност, професионалност и одговорност.